Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје домаќин на конференција на Јадранско-јонската иницијатива

/

пред 164 дена

Сподели преку :

Во Скопје денеска се одржува XX Конференција на претседатели/спикери на Јадранско-јонската иницијатива, во рамките на претседавањето на Македонија со оваа иницијатива… Домаќин на настанот е претседателот на Собранието Африм Гаши.

На конференцијата учествуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на Јадранско – Јонската Иницијатива – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Италија, Сан Марино, Србија и Словенија, како и претставници од Секретаријатот на иницијативата.

Учесниците ќе се фокусираат на две клучни теми: „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“ и „Зајакнување на регионалната поврзаност: Коридорите VIII и X и улогата на парламентите“.

Целта е унапредување на соработката и регионалната интеграција преку парламентарен дијалог. Конференцијата се очекува да заврши со усвојување на заедничка изјава со приоритети за понатамошна соработка меѓу земјите членки.