Скопје е домаќин на најголемиот мултиспортски настан во земјава – Европскиот младински олимписки фестивал. Настанот опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини меѓу кои пливање, кошарка,ракомет, одбојка и сл.
Дел од натпреварите се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово додека спортска гимнастика се одржува во Осиек, Хрватска.
Извршниот директор на ЕМОФ Скопје 2025, нагласи дека фестивалот е уникатна можност за младите спортисти да го покажат нивното знаење и талент. Посебно е затоа што македонската делегација брои 200 учесници- бројка што е значително поголема од претходните слични натпреварувања кога се испраќаа само неколку спортисти.
,,Се тече во најдобар ред, можам да кажам дека ние сме срекни дека тука во Скопје вчера се соборија 2 светски рекорд и европски рекорд.Светскиот рекорд беше со стап на девојки и европскиот рекорд беше воздушна пушка 10 метри на девојки. Ова е од огромно значење за нас македонците да има светски рекордина ова тло’’ вели Александар Богоевски, извршниот директор на ЕМОФ.
На фестивалот учествуваат над четири илјади млади спортисти,спортски официјални лица и тимски претставници.Присутни беа и стотици новинари, волонтери и гости.
Покрај спортските натпревари, фестивалот ќе понуди и богата културна програма, фан-зони, едукативни работилници, интерактивни, како и бројни појавувања на официјалната маскота.
Иако ЕМОФ претставува најголем младински спортски настан што досега се организирал во земјава, дел од јавноста преку социјалните мрежи посочува на недоволна информираност и промоција на фестивалот. Ова беше причина да спроведеме анкета и да ја прашаме јавноста дали е запознаена со фестивалот и колку го следи.
Од ЕМОФ апелираат до сите скопски општини да помогнат во собирање на шутот кој се собира околу натпреварувачките терени.
Свеченото отварање на фестивалот се одржа оваа недела во спортскиот центар ,,Јане Сандански’’. Ке трае се до 26 јули.
Марија Коцева











