Несовесноста и неинформираноста на граѓаните е голем проблем во решавање на отпадот и Скопје е затрупано во ѓубре. Дополнително, за ваквата ситуација придонесува и неактивноста на службите, институциите на градот и на државата, велат од иницијативата „О2“.
Додаваат дека неопходно е преку законски измени да се обезбеди формирање на комунални редари што ќе имаат право да опоменуваат и казнуваат.











