Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје ќе има парно идната недела, тврди Бектеши

/

пред 1479 дена

Сподели преку :

Ќе има парно и ќе биде поевтино од сите понуди до сега што сме ги добиле, тврди министерот Бектеши.

Ќе има парно на гас, ќе ја прифатиме најповолната цена. Максималната цена можам да ја кажам, најголемата е над 2.000 евра за 1.000 метри кубни, и граѓаните треба да знаат дека цената на електричната енергија, со гас по таа цена, ќе биде над 450 евра за мегават час. А за нас најприфатлива ќе биде од четирите, петте понуди кои ги имаме, и тоа која е најниска и која ќе биде на први октомври најниска, тврди Бектеши.

Бектеши тврди дека граѓаните можат да имаат увид во сите понуди што ги добива владата и инсистира дека ако бил набавен гасот пред еден месец, кога цената била 2.000 евра за 1.000 метри кубни, денешната цена на електричната енергија ќе беше 460 евра.