Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје конечно „дише“: Ветерот го расчисти отровниот облак кој повеќе од две недели надвисна над главниот град

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Ветерот кој доцна синоќа почна да струи во скопската котлина го расчисти воздухот во главниот град па денеска граѓаните конечно може да дишат воздух со ниско ниво на аерозагадување.

Тоа го покажуваат и податоците на швајцарската платформа чија цел е анализа и мерење на загаденоста на воздухот во светот, каде Скопје конечно не е во првата десетка најзагадени градови.

Утрово според овој медиум во главниот град измерени се ниски нивоа на штетни честички што пак Скопје го рангираа на 77ма позиција на неславната листа со присуство на 10 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 12,8 микрограми на ПМ10 честичките.

Индексот на загадување утрово е 53.

Ваквата состојба според прогнозите на оваа платформа се очекува да се задржи и наредниот период.