Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје нема да добие ниту брз превоз ниту еко-автобуси, само шест возила како донација

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Пред еден месец поднесоа иницијатива која очекуваа веднаш да биде ставена на дневен ред и изгласана во градскиот совет, денеска истата беше повлечена. Долго очекуваната иницијатива за зголемување на цената по изминат километар без многу дискусија беше тргната од дневен ред на барање на предлагачот Макфире Исеини поради  недоволно собрани информации.

Оваа точка беше клучна за приватните превозници да се вратат целосно на работа. Тие пак се разочарани од повлекувањето на иницијативата и за Телма велат во текот на викендот ќе одлучуваат кои ќе бидат следни нивните чекори.

Град Скопје ќе добие донација од шест автобуси, но не и нови еко автобуси. Одлуката за набавка поднесена од градоначалниччата Данела Арсовска на дневен ред се наоѓа речиси на секој совет, поддршка доби од советниците на СДСМ и зелен хуман град, но не и од нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

И министерот за животна средина Изет Меџити и поранешиот директор на Слобода превоз Ленин Јовановски најавија дека метрополата ќе добие шест нови еколошки автобуси.  Но според независна советничка во град Скопје Ирена Витина ова е проект на градот Скопје.

И додека градски власти се во обид да го решат проблемот со јавниот превоз, граѓаните секојдневно мака мачат да стигнат до своите дестинации. Се жалат на редуцирани автобуси и метеж во нив.

Симона Петровска