Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопска апелација ја одложи јавната седница за „Титаник 2“ за 13 април, гонењето на Мијалков дотогаш застарува

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април, а дотогаш гонењето на Мијалков застарува. На седницата на која требаше да се разгледуваат жалбите, присутни беа само Мијалков кој е спроведен од затворот во Струга и Бедредин Ибраими кој рече дека не добил покана, но дошол по допрен глас и адвокатите.

Останатите обвинети не биле уредно поканети. Судијата Ѓоко Ристов, кој е претседател на советот, го презакажа судењето за 13-ти април. Според информациите од обвинителството, делото за Мијалков застарува на 7-ми април, а од одбраната коментираат дека веќе е застарено на крајот од март. Адвокатите денеска не дадоа изјава.

Во повторениот процес Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд. Првиот процес во двата суда се одолговлекуваше 5 години, најмногу поради неколкуте заболувања на Мијалков од корона.

Други обвинети во случајот се пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска и тие немаат можност да се спасат со застарување.

Сите освен Мијалков (Примање награда за противзаконито влијание) се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Сите 5-мина обвинети добија двегодишни затворски казни.

Беа прогласени за виновни поради договарање да гласаат за поништување на резултатите од локалните избори 2013-та на неколку избирачки места во Струмица каде победи опозиционата СДСМ и нивниот кандидат Зоран Заев. При прегласувањето е направена финансиска штета од околу 400 евра.

Во процесот беа користени и т.н. бомби односно прислушувани телефонски разговори на кои се слуша договарањето на Мијалков и Тачи за начинот на гласање на Ибраими.

Куриозитет е што на судењето, двајца обвинети Мијалков и Тачи се на црната листа на САД, првиот поради корупција и нелегалбото прислушување кое предизвика масовно прекршување на човековите права, а лидерот на ДПА поради политичко-безбедносни причини.