Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СКРМ и СОНК незадоволни што не биле вклучени во изработката на новиот предлог Закон за култура

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Повлекување на новиот Предлог-закон за култура и изработка на текстот од почеток со вклучување на Синдикатот за култура (СКРМ). Ова го побараа од СКРМ, со објаснување дека не биле вклучени во подготовката на Законот.

„Нашите претставници кои беа номинирани и доставени до Министерството за култура уште во месец февруари 2022 година, не беа повикани, на ниту еден состанок на Работната група, која е формирана во април 2022 година“, вели Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Новиот Предлог- Закон не враќа на скандалозната верзија од 2014 година, рекоа од СКРМ. Според нив, во новата верзија не се внесени нивните предлози од верзијата на законот од 2019 година, со која работните места нема да се регулираат со закон туку со колективен договор. Имаат забелешки и на новиот текст.

„Со овој закон се уредуваат одредени права, ограничувања на културните работници, има некои уназадувања. Има критериуми што се ставени, дали било на директор или вработени во културата кои што на нас не ни се допаѓаат и сакаме да работиме на тоа да ги смениме“, вели Атанасовска.

Во подготовката на новиот Закон за култура, не биле вклучени ни од СОНК.

„Недозволиво е да се изготвува нов, посебен закон за оваа дејност, а да ги нема оние кои треба да го спроведуваат. Конечно, треба да се направи текст кој ќе биде прифатлив и од законодавецот и од работниците“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Министерката за култура демантира дека синдикатите не се вклучени во подготовката на законот.

„Во секој дел од процесот тие се дел. Дали е тоа формален состанок како што се состанувала Работната група , или на состаноци со мене, или  со некој од Работната група, секогаш биле дел и СОНК и СКРМ“, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура)

Новиот предлог- Закон е изработен од претставници од институциите во културата и од независниот сектор, а сега на ред се да го видат синдикатите, вели министерката. А, од СКРМ кажаа дека само двајца вработени во културните установи работеле на новиот закон. Иако синдикатите добиле време до 8 ноември да испратат забелешки, по потреба терминот ќе се продолжи, дополни министерката за култура.

Сотир Трајков