Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слаб снег провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Сите државни патишта во Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, но АМСМ препорачува внимателно возење поради врнежите од снег. Слаб снег провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.

Екипите на ЈП Македонија пат се на терен со потребната механизација и работна сила, а во соработка со Министерството за транспорт се вршат координирани активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се советуваат на задолжителна зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодена брзина, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите.Законската обврска за поседување зимска опрема важи до 15 март годинава.