Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слепото придржување до идентитетот раѓа конфликти

/

пред 1389 дена

Сподели преку :

Љубовта  нѐ храни, вистината нѐ лекува, а слепото придржување до идентитетот создава конфликти, и во семејството и во општеството. Ова е пораката од претставата „ Сите сме птици“, која по текстот на современиот либанско- канадски автор Важди Муавад ја постави режисерот Слободан Унковски. Тој направи политички ангажиран театарски чин кој отвора повеќе прашања .

Што е нашата задача како поединци? Можеби тоа е и најважно, се испоставува. Бидејќи групата знае да биде многу често само алиби за недостаток на индивидуални вредности, вели актерот Никола Ристановски.

Дејствието е фокусирано на едно семејство, чии членови заглавени во израелско – палестинскиот конфликт мора да се соочат со сопствениот идентитет и потекло. За таа цел, актерите креираа рољи преку личните емоции.

-Мојата лична работа која најмногу ме инспирираше во врска со овој текст е длабоко поврзана во односот на синот и таткото, вели актерот Дамјан Цветановски.

 

-Без разлика колку се работи за палестинско- израелски конфликт. Така што тргнуваме од себе и ги преживуваме работите автентично. И се надевам дека публиката тоа така ќе го доживее, смета актерката Сара Климоска.

Претставата се чита како субверзија на нашата стварност , вкопана во самоубиствена идентитеска матрица. Затоа таа опоменува и насочува кон размислување и преиспитување.

Сотир Трајков