Во наредните три дена сите заинтересирани бруцоши кои одлучиле да студираат на универзитетот „Гоце Делчев“ ќе можат да ги достават своите документи во Скопје, во Струмица, во Кавадарци и во Гевгелија, иако се заинтересирани за студентска програма која што е во Штип.
Вториот уписен рок е на 4 и 5 септември, третиот на 17 и 18 септември. Како што рече проректорот Митко Џидров има слободни места за 2.100 редовни студенти и 820 за вонредни студенти.
Прелиминарните резултати се очекуваат во петок. Универзитетот „Гоце Делчев“ од годинава нуди и нова студентска програма по фармација за англиски јазик.











