Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Случај Блерим Радамани: Врховен за три дена ќе се произнесе за екстрадиција, Судски совет, пак, за судијата Пајазити

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Најдоцна до петок, Врховниот суд ќе донесе одлука за екстрадицијата на Блерим Рамадани, но и да даде зелено светло – екстрадиција не може да има. Тој избега пред една недела – пред да биде вратен во притвор, откако тројца судиии од Кривичниот совет ја сменија одлуката на судијата Пајазит Пајазити за куќен притвор. Врховен вчера го добил мислењето од Обвинителството и најавија дека дека во рок од три дена ќе одлучат.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, е должен да одлучи по конкретниот предмет во рок од три дена од доставувањето на мислењето од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, информираат од Врховен суд.

Од обвинителството за Телма велат дека мислењето што обвинителот го испратил до Врховен не е ниту само позитивно, ниту само негативно. Опфатнеи биле сите аспекти и околности во предметот – од тоа дека Рамадани е во бегство, дека се работи за скратена постапка, дека има двојно државјанство и на Република Косово и на Република Србија, но ги имале и предвид сите недостатоци во решението на Кривичен кој одлучи дека Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија.

Премиерот го нарече Пајазити омилен судија на СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски, Пајазити во минатото има многу дискутабилни пресуди, но остава на Судскиот совет да одлучи што понатаму со неговата кариера.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска му посветија прес-конференција на судијата Пајазити. Прашуваат дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани.

„Додека Блерим Рамадани бил во притвор, неколку пати бил повикуван од Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје. Пајазити да каже дали при посетата во затворот, лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди“, посочува пратеникот Тони Јаревски.

Од Кривичен велат дека не коментираат пресови на политички партии. Од таму во понеделникот апелираа случајот да не се користи за политички препукувања. За бегството прстот го вперија во МВР, а судијата го оправдаа дека постапувал согласно досегашната судска пракса и меѓународното право. Министерот за внатрешни Тошковски им одговори дека полицијата не врши 24-часовен надзор во домот каде што се спроведува куќниот, туку повремени посети, а судот е тој што определил куќен притвор на странец, уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.

Комисијата од тројца членови од судски совет ќе го анализира постапувањето на Пајазити, откако Врховен ќе донесе одлука за екстрадицијата и ќе можат да направат увид во предметот. Во меѓувреме, веќе прават увид во двете спогодби со обвинителството потврдени од судот за Иџет Мемети и Наке Георгиев кои добија условна и три години затвор.

Елена Ивановска Мукоска