Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сменети во 2018-та, вратени во 2024-та во комисии по сменети закони

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Со измените на законите, се избрани нови членови на второстепенета државна комисија за управни постапки и работни спорови, а претседателот и еден член на истата комисија во мандатот до 2018-тата се повторни избрани. Илче Мушаревски е избран за нов претседате на оваа комисија, откако Собранието во скратена постапка го измени законот со што ги „збриша“ мандатите на претходниот состав.

Мушаревски бил член на истата комисија за управни постапки и до 2018-тата, кога заедно со тогашната претседателка Ирена Брзанова беше сменет од комисијата, за време на владата на СДСМ и ДУИ. Брзанова, пак, е назначена за член на комисијата. На тој начин е извршена рокада со членовите во оваа комисија.

Ист рецепт, преку измени на закон по скратена постапка, со одредба да се избере нова комисија, беше сменет и досегашниот состав на антимонополската комисија.

Трета комисија која ќе помине по истиот пат е комисијата за жалби по јавни набавки, а законот со кој треба да се реализира измената на претседателот и на членовите со активен и важечки мандат утре ќе се најде на гласање на пратениците. Платформата на граѓански организации за борба со корупција алармираше дека овој начин на менување на легално избрани комисии претставува упад во системот, за да се сменат луѓето, но не се подобрува суштината на антикорупциската борба.

Пратеници од мнозинството за Телма потврдија дека ќе гласаат за законот и покрај барањето на платформата да не ги поддржат законските измени. Од опозицијата, пак, велат дека ќе гласаат негативно. Целата состојба личи на партиска рокада и недостаток на правна сигурност, велат од граѓанскиот сектор.

Со измените на законот за јавни набавки, во скратена постапка и со иницијатива на пратеници, а не од влада, ќе се изврши само измена на членовите кои во иднина треба да бидат правници со правосуден испит, без обврска да имаат работно искуство во јавните набавки, туку само посебни познавања од областа.

Миомир Серафиновиќ