Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Смртоносен напад против Јеховините сведоци во Хамбург

/

пред 1321 дена

Сподели преку :

Најмалку 7 луѓе се убиени  а 8 се ранети откако воружени напаѓачи отвориле оган во црква во северниот германски град Хамбург кој е втор по големина град во Германија.

Според градските власти пукањето се случило во областа Грос Борстел. Полицијата соопшти дека се уште не може да утврди мотив за нападот, ниту точниот број на напаѓачите.

Нејасно е и дали напаѓачот или напаѓачите побегнале од местото на злосторството или се меѓу жртвите.

Припадниците на германските безбедносни служби го блокираа целиот реон околу местото на нападот и ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Германската новинска агенција ДПА објави дека има поголем број мртви и ранети, но не се соопштуваат прецизни бројки.

Според информациите на германските медиуми објектот во кој се случил нападот бил користен од припадници на верската група Јеховини сведоци.