Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снег и студ ја парализираа Србија

/

пред 268 дена

Сподели преку :

Србија е под голема снежна покривка, а обилните врнежи и екстремниот студ предизвикаа прекини во снабдувањето со струја, поплави и отежнат сообраќај.

Вонредна состојба е прогласена во повеќе градови, меѓу кои Ваљево, Мајданпек, Лозница и Крупањ, а од 4 јануари се евакуирани 22 лица.

Нови врнежи од снег и дожд се очекуваат и денеска попладне. Екипите на Електродистрибуција Србија работат на отстранување на дефектите, но илјадници домаќинства, особено во валевскиот крај и источна Србија, останаа без струја поради паднати дрвја и оштетени далекуводи.

Сообраќајот е отежнат, воведени се забрани за товарни возила, а на патните служби им помагаат повеќе од 2.300 работници со механизација. Поплави се забележуваат на реките Ибар, Лим и Дрина, а на делови од Дунав се очекува појава на ледени наноси.

Се очекува многу студено време со температури до -14°C. Слична е ситуацијата и во Хрватска, Словенија и Романија, кои исто така се соочуваат со екстремен мраз.