Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Снежана Камиловска Трповска во Топ Тема: Работата на Националниот совет за финансиски истраги и кофискација на имот треба да биде еден транспарентен процес со отворени седници

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Конфискација на имот за криминалот да не се исплати. Уште една во низата државни институции за борба против корупцијата а впечатокот останува ист – антикорупција без заби – зошто системот не казнува?

Во Топ Тема дебата со Снежана Камиловска Трповска – МЦМС и Шемси Салаи поранешен антикорупционер.

На вчерашната седница на Националниот совет за финансиски истраги и кофискација на имот беше соопштено дека е запленет имот вреден 45 милиони денари и дека се отвораат 50-тина истраги. На прашањето за оценка на работата на ова тело Снежана Камиловска Трповска од МЦМС, рече дека конкретно како работи советот ќе треба допрва да видиме, бидејќи вчера беше една конститутивна седница и допрва ова тело ќе треба да ги покаже резултатите.

  • Пред се да ја поздравиме иницијативата бидејќи се сака да се направи нешто што е поврзано со борбата против корупцијата, особено во овие последни години заради тенденцијата се повеќе да се зборува за конфискацијата како механизам којшто за жал во нашата држава речиси и да не функционира. Да имаме во предвид дека има тенденција во нашата држава да се формираат многу различни тела за различни основи кои на крајот од денот не покажуваат никакви реални резултати. Ова тело да се надеваме дека ќе има и некој позитивен исчекор но, за да го има тоа пред се треба да имаме многу структурирани надлежности, тие не треба да бидат прешироки, туку треба да бидат фокусирани за да може да се знае во која насока ќе биде неговото функционирање, да постои една исклучителна соработка со останатите надлежни институции. Тоа да биде еден транспарентен процес со отворени седници со реални заклучоци и анализи, истакна во вечерашната Топ Тема Снежана Камиловска Трповска од МЦМС.

Б.С.