Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со автомобил удрил во пешаци – седум лица тешко повредени во Англија

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Маж на возраст од 30-тина години е уапсен откако седум лица се здобиле со сериозни повреди кога автомобил удрил во пешаци во англислкиот град Дерби.

Автомобилот, црн „Suzuki Swift“, удрил во повеќе луѓе во Фриар Гејт синоќа околу 21:30 часот, соопшти полицијата во Дербишир.

На седум лица им била укажана помош на самото место и биле пренесени во болница со низа сериозни повреди, кои не се опасни по живот, додаде полицијата.

Маж во своите 30-ти години, кој е по потекло од Индија, бил пронајден кратко по инцидентот и уапсен под сомнение за обид за убиство, предизвикување тешки повреди со опасно возење, нанесување тешки телесни повреди со умисла и опасно возење, соопшти полицијата.

Тој останува во полициски притвор, пренесе агенцијата ДПА.