Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со боја го подобрувале изгледот на храна – над 200 деца затруени со олово во приватна градинка во Кина

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Во приватна градинка во покраината Гансу, Кина над 200 деца се затруле со олово. Тамошните властите открија обид за прикривање на случајот од страна на десетици локални службеници и болнички работници.

Според официјалната истрага, фалсификувани се крвните тестови на децата, а службениците примале мито и не ги спровеле потребни контроли. Готвачите користеле боја која не била прехранбена со цел да го подобрат изгледот на храната, која содржела до 2.000 пати повеќе олово од дозволеното.

Шест лица, меѓу кои и директорот на градинката, се уапсени, а над 25 други се соочуваат со дисциплински мерки. Централната власт реагирала итно, а градинката привремено ќе биде ставена под државно управување. На погодените семејства им се нуди бесплатен третман и правна помош.