Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со фалсификувана лиценца за кабаре, цела година се организирале журки во импровизираниот објект

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а повеќе од 140 се повредени, работела со фалсификувана лиценца издадена за мито лани на 13 март, рече премиерот Мицкоски. Овој документ бил за кабаре, со потпис и печат на министерството за економија, но дури и нелегална лиценцата бил истечена веќе два дена. Според премиерот, државниот пазарен инспекторат не е надлежен секој ден во текот на годината да врши контроли.

„Овој документ е фалсификат, лиценца нема. Правен документ објектот нема од пред повеќе од една година, овој документ е фалсификат. Дали Пазарниот инспекторат требало вчера да излезе токму во оваа дискотека, тоа не го пишува никаде во законот, ниту пак во надлежностите на Државниот пазарен инспекторат. Последен пат таму државен пазарен инспектор се појавил во 2022 година. Зошто тогаш не констатирал пропусти и недостатоци за коишто денеска јавноста виде дека постои и во самата градба и во самата архитектура на објектот, тоа е веќе друго прашање и за тоа ќе следи дополнителна одговорност и истрага“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Зошто МВР не открило фалсификувана лиценца, премиерот вели полицијата вчера не била таму да ги проверува лиценцата, туку поради информации за трговија на недозвилено супстанци и за присуство на малолентици. Најави кривична одговорност за сите инволвирани без разлика на партиска или друга припадност и како што рече „без милост и со име и презиме“. На прашањето за личната морална одговорност одговори прво да ги порази сите во овој корумпиран систем, а потоа граѓаните ќе се изјаснат на избори

За пораките од опозицијата рече не треба да се политизира. Ова не е партиска битка, туку битка на чесните против нечесните. Владата одлучила вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти. Зошто тоа досега не правеле робусни акции, Мицкоски рече дека изминатите девет месеци биле насочени кон криминалци кои продавале мазут, енергетска мафија и игри на среќа, корумпирани врховни судии.

Елена Ивановска Мукоска