Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со концерт на виолинистот Џулијан Рахлин ќе се отвори 64 „Охридско лето“

/

пред 853 дена

Сподели преку :

 

Со концерт на светски познатиот виолинист и диригент од Литванија, Џулијан Рахлин, кој ќе настапи со нашата Филхармонија, на 12 јули во Античкиот театар традиционално ќе биде отворено годинашново издание на најголемиот летен фестивал „ Охридско лето“. Програмата што ја подготвија селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска вклучува 27 музички , 6 театарски и уште 3 настани во придружната програмата. Според директорката на фестивалот , Наташа Поповиќ, на 64 издание на „ Охридско лето“ ќе дојдат над 500 уметници од 24 земји, како и од Македонија. Нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски со концерт ќе одбележи половина век кариера. Ќе наспапи и белгиската виолончелистка Ками Тома, а ќе се одржи и светска премиера на претставата „ Кралот Лир“ од Шекспир, во продукција на Лит Мун театарот од Санта Барбара.

  • Обезбедивме континуитет во поглед на успешна и квалитетна програма, која ќе му даде обележје на фестивалот , кој ги следи големите светски трендови, кажа директорката на фестивалот – Наташа Поповиќ.
  • Ќе имаме задоволство да ја слушнеме врвната белгиска виолончелистка Ками Тома, во продружба на пијанистот Џулијан Брокал. Еден концерт на кој сум особено горда , бидејќи ова е еден врвен музички уметник , кој што настапува на секаде по светските сцени, рече селекторката на музичката програма – Бисера Чадловска.
  • Она што ќе ја обележи овогодинешната театарска програма на „ Охридско лето“ се трите театарски премиери, од кои што едната е од два домашни театри , а другата е светска премиера на театарската компанија од Калифорнија, кажа селекторката на драмската програма- Сања Арсовска.