Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со ланчиња на врат се обиделе да прошверцуваат златен накит во вредност од 1 милион денари

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит – четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа.

Како што информираа оттаму, случајот бил предаден на Одделението за истраги, кое против сторителите поднело кривична пријава до ОЈО – Гевгелија.

„Ова е 11. заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на „Богородица“, пет на Меѓународен аеродром – Скопје, а по еден случај на „Табановце“ и „Блаце“, велат од Царината.

Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело – криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик – појаснија од Царинската управа.