Со панахида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село и полагање на цвеќе пред споменикот денеска беше одбележана 101 годишнината од убиството на Тодор Александров.
Според претседателот на патриотскиот институт при ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов Александров е еден од главните столбови за формирање на современата македонска држава.











