Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со сослушување сведоци продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На претходното рочиште во средата сведочеа роднини на жртвите но и блиски пријатели и соработници на првообвинетиот Палевски во партијата Десна.

На рочиштето беше кажано дека Палевски поседувал пиштол за кој како што се дознава го поседувал со дозвола и го носел во своја одбрана, бидејќи пред да го набави бил нападнат пред својот дом.

Последен пред судот исказ даде Васко Стојков, адвокатот кој првообвинетиот го однел во Белград само неколку дека откако според обвинителството Палевски ги извршил кривичните дела.

Шест сведоци на денешното рочиште за случајот со убиството на Вања и Панче