Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието е подготвено за процедурата за уставни измени, потребна е политичка волја и договор помеѓу партиите, вели спикерот Гаши

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Двотретинско мнозинство има и сега политичката волја е последната пречка за уставни измени.

Спикерот Африм Гаши уверува дека Собранието е подготвено во секој момент да ја започне процедурата.

Претходно, премиерот Мицкоски повика на широко обединување и натпартиски став за стратешките прашања и остана на ставот дека само со одложено дејство се прифатливи уставните измени за внес на Бугарите во Уставот.

Сепак, моментот кога тоа ќе се случи ќе го одредат партиите, затоа што станува збор за политичко прашање, дециден е претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.

„За да се отпочне тој процес треба политичка волја и договор, за да имаме јасна перцепција и да не почнеме нешто што нема да нѝ успее. Јас би сакал тоа да биде што побрзо затоа што навистина мислам дека е од стратешко значење да ги започнеме преговорите и да станеме полноправна членка на ЕУ“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието на РС. Македонија.

Спикерот денеска се осврна и на извештајот за напредокот на државата, објавен вчера од страна на Европската комисија.

Вкупната оценка за Собранието е позитивна и е нотиран мал напредок, вели Гаши. Институциите на ЕУ сепак забележуваат дека во Македонија сѐ уште е пракса да се носат закони по скратена постапка.

Првиот човек на Собранието и втор човек во државата, уверува дека лично ќе се заложи и ќе инсистира закони да се носат во редовна постапка и со јавна дебата.

„Се нотира дека Собранието повеќе не го злоупотребува европското знаме, но дека нѝ се повторуваат повторно скратените постапки. Ние многу често закажуваме седници и има предвидливост во седниците, така што дали три или четири дена порано или подоцна – не се добива многу во време. Затоа ги убедуваме министрите повеќето или сите закони да ги предлагаат во редовна постапка затоа што мислам дека е добро и за нив, но и за пратениците и за граѓаните и за заинтересираните страни околу законите кои ги носиме“, кажа Гаши, претседател на законодавниот дом.

На брифинг со новинарите, претседателот на Собранието денеска информираше дека од ноември, со новиот Деловник има и нов механизам за пратенички прашања од опозицијата, на секоја закажана седница и во траење од два часа по усвојување на Дневниот ред.

Пратениците ќе мораат пет дена пред седницата да најават на кој ресор се однесуваат прашањата.

Петар Догов