Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието едногласно го усвои законот за здруженија и организации – стоп за „Цар Фердинанд“

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Секој што има намера да регистрира организација или здружение и да употреби име, презиме, прекар или иницијали  на некоја историска личност, прво ќе треба да добие позитивно мислење од Комисијата за употреба на имиња, а потоа и од министерот за правда.

На овој „испит“ прв падна бугарскиот клуб кој требаше да биде отворен во Богданци со името на бугарскиот цар Фердинанд. Советодавното тело веќе го оцени како лик кој буди негативни чувства во Македонија.

Пратениците од сите партии едногласно, со 67 гласа одлучија да ги стопираат организациите, здруженијата но и партиите поврзани со фашизам, верска и национална омраза, со поттикнување воена агресија, насилно уривање на уставниот поредок и слично.

Веќе отворените бугарски клубови во Битола и во Охрид, кои ги носат имињата на контроверзни личности поврзани со фашизмот – Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, имаат три месеци да направат корекции во согласност со новите законски измени.

Во спротивно, ќе бидат избришани од Централниот регистар.

Соња Николовска