Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ја чека интерпелацијата за Џафери од ВМРО ДПМНЕ

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.

На тапет на Џафери му се ставаат пцостите со кои, според аудио снимката, тој вршеше притисок врз службита во Собранието, и како што смета ВМРО-ДПМНЕ, го омаловажуваше нивното достоинство. За тоа, не им се извини на службите и рече пиеле кафе низ градот кога требало да бидат на работа.

Ситуацијата кулминираше минатата недела кога пратеници на ВМРО ДПМНЕ се пожалија дека спикерот ги држи заклучени во пленарната сала за да не може други колеги да влезат и да се јават за збор.  Од партијата додаваат дека не очекуваат интерпелацијата да биде изгласана, но велат – добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на спикерот.