Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ќе избира помеѓу двајца кандидати за нов член на Судскиот совет

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Трката за нов член на Судскиот совет влегува во завршница. По филтерот на собраниската Комисија за избори и именувања, во игра останаа двајца кандидати. Сега одлуката е во рацете на Собранието, кое на пленарна седница ќе треба да избере кој од нив ќе седне во Советот.

Еден од предложените е Арбер Исаку, дипломиран правник од Тетово со положен правосуден испит, кој е и поранешен член на Советот на Јавните обвинители.

Предложен е и кандидатот Сејфула Османи, професор на Меѓународниот универзитет во Струга, кој бил судија во Гостиварскиот суд, но го напуштил судството. Овој предлог е спорен за опозицијата – не во делот на професионализмот, туку за искуството.

„Во време кога правдата е под меѓународен надзор, ние имаме потреба за луѓе коишто го разбираат системот – не само внатре туку и во односите со меѓународните стандарди. Што се однесува до вториот кандидат Сејфула Османи, имаме дилеми и сомнежи“, кажа Рина Ајдари, пратеничка од ДУИ. 

Новиот член на Судскиот совет ќе го наследи Селим Адеми, чијшто мандат заврши во декември. Ова е втор оглас, но прв по новиот Закон за судски совет според кој кандидатите на јавна расправа се претставуваат и одговараат на прашања на пратеници, невладини и судии.

При своето претставување, кандидатите од овој оглас, пред една недела на јавна расправа ги кажаа мотивите поради кои се пријавиле за најмоќното судско тело.

„Препораките на Венецијанската комисија јасно нагласуваат дека телото надлежно за кариерата на судиите мора да биде заштитено од политичко влијание и неговите одлуки да бидат јасно образложени“, кажа Арбер Исаку, кандидат за нов член на Судскиот совет, на јавната расправа пред една недела. 

„Влијанието во судството е проблем којшто на целото наше општество нѝ создава проблеми“, кажа кандидатот Сејфула Османи. 

На првиот оглас по стариот закон, собраниската комисија го предложи Аљбан Кадриу во чија биографија доминираше работата во тетовската полиција. По реакции на јавноста, тој оглас беше поништен.

Петар Догов