Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ќе одржи јавна расправа за измени во Кривичниот законик

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Предлог-законот е поднесен од девет пратеници и има за цел унапредување на казнената политика, усогласување со одлуките на Уставниот суд и европските стандарди.

Со предлогот се бара зголемување на казните за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Злосторничко здружување“, воведување на ново кривично дело за злоупотреба на приватни снимки и проширена конфискација на предмети.

Дополнително, се уредуваат случаи на родово-базирано насилство, трговија со деца и други итни технички измени.

Целта на предлогот е отстранување на слабостите во постојните одредби, зајакнување на превентивната и репресивната функција на законот и воспоставување на подобра правна рамка за борбата против корупцијата и насилството во општеството.