Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ќе решава за продолжување на кризната состојба

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Собрание на Република Македонија денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која би важела до 20 јули годинава. Предлог-одлуката е на дневен ред и на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а мерката би започнала да се применува од 21 април.

Кризната состојба беше воведена поради ризици од нарушување на снабдувањето со горива, во услови на тензии на Блискиот Исток.

Владата претходно донесе мерки за намалување на ДДВ за горивата и користење на државните резерви, со цел стабилизирање на пазарот и обезбедување континуирано снабдување. Од Илинденска уверуваат дека состојбата со резервите е стабилна и дека досега не е потрошен ниту еден литар од нив. Очекуваат дека цените на горивата би можеле да останат исти или да се намалат, во зависност од движењата на светските берзи и тековните преговори со добавувачите.