Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието на Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“

/

пред 326 дена

Сподели преку :

Резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни“, на сите јавни површини под надлежност на градот усвои Градското собрание на Загреб.

Одлуката се однесува на површините управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување настани.

Советниците рекоа дека целта е да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза, насилство и ексклузивност, објави Индекс.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, денеска изјави дека употребата на усташки симболи во просторите управувани од Градот Загреб ќе биде забранета, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по промовирањето на усташките во своите песни, сепак ќе се одржи на 27 декември, бидејќи претходно е потпишан договор за него.

Претседателката на клубот на советници „Можеме“, Ива Ившиќ, истакна дека заклучокот се темели на антифашистичките вредности на Уставот на Република Хрватска, како и на ставовите на Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права.