Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието не ги усвои измените на изборниот законик

/

пред 421 дена

Сподели преку :

Македонското собрание денеска не ги усвои измените на изборниот законик. Според предлогот, независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да соберат потписи од 0.95 проценти од запишаните граѓани во избирачкиот список за конкретната општина или Градот Скопје.

Во комисиската расправа по измените Левица поднесе амандман со кој процентот 0,95 се замени со 0.5 што беше прифатено од сите, освен од Европскиот фронт.

Откако предлог измените се вратија на пленарна седница, за нивно усвојување гласаа 66 пратеници додека 18 беа против, но во гласањето на немнозинските заедници, 11 гласаа „за“, а 18 пратеници „против“ со што, заради неисполнетиот услов за бадентерово мнозинство предлог измените не беа усвоени.