Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието распиша конкурс за ново модерно тријазично лого

/

пред 547 дена

Сподели преку :

Објавен е Јавен конкурс за изработка на лого на Собранието на Република Северна Македонија, со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.

Секој учесник на конкурсот, се додава во соопштението,  има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието.

Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.