Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието расправа за укинување на техничката влада

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Собрание на Македонија ќе расправа за законските измени со кои се предвидува укинување на техничката влада. Предлогот, кој го образложи заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, има цел да ја замени постојната преодна влада со постабилен и појасен институционален модел.

Според образложението, техничката влада била воведена како привремено решение во 2015 година за надминување на политичка криза и за обезбедување фер изборни процеси, првпат применета на изборите во 2016 година.

Со новите измени се предлага таа да остане само до објавување на конечните изборни резултати, по што би се укинала како модел.

Покрај ова, пратениците расправаат и за други законски измени, меѓу кои и услов пратениците да имаат само едно државјанство. Владата наведува дека промените се насочени кон зајакнување на институционалната стабилност, рационално користење на јавните финансии и обезбедување појасна правна рамка за идните изборни процеси.