Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат модерни ракетни системи за Украина, рече Бајден

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат модерни ракетни системи за Украина, која се бори против руските сили кои ја напаѓаат нејзината територија, јави ДПА, повикувајќи се на напис на американскиот претседател Џо Бајден во Њујорк Тајмс.

Во написот Бајден забележува дека иако секоја војна завршува со помош на дипломатијата, разговорите ја одразуваат фактичката состојба на бојното поле.

„Преземавме итна акција за испраќање на Украина значителни количини оружје и муниција за да можат нејзините сили да се борат на бојното поле и да бидат ставени во најповолна позиција на преговарачката маса“, напиша Бајден.

„Затоа, решив да и обезбедиме на Украина посовремени ракетни системи и муниција што ќе и овозможат попрецизно да напаѓа клучни цели на бојното поле на Украина“, се вели во изјавата на американскиот претседател.

Бајден нагласува дека Вашингтон не ги охрабрува украинските сили да вршат напади на руска територија, надвор од украинско-руската граница.