Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софија ќе ги објави имињата на сите граѓани на Македонија кои поседуваат бугарски пасош

/

пред 1107 дена

Сподели преку :

Пратениците во бугарското собрание во прво читање едногласно ги изгласаа измените во Законот за бугарско државјанство, според кои, освен измена на условите за добивање државјанство, ќе биде објавен јавно и регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев тврди околу 120.000 граѓани на Македонија имаат бугарски пасош, амеѓу нив имало многу поранешни и актуелни политичари, пратеници и министри.

Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во изминатите 22 години врз база на доказ од самите нив на бугарско потекло и декларација за бугарско самоопределување, ќе бидат јавно објавени. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, градоначалници, шефови на служби, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции затоа што се чувствуваат Бугари. Тие пак што се ‘принудени’ да се преправаат дека се јавни бугаромразачи само за да го прикријат своето бугарско потекло и самоопределување, веќе нема да имаат причина да го прават тоа“, напиша Ковачев на Фејсбук.