Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио на денешната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, меѓудругото, ја нагласил потребата за сојузниците во НАТО, вклучително и Македонија, да поддржат и достигнат издвојување на пет отсто од БДП за одбранбени трошоци, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

На средбата меѓу Рубио и Муцунски беше истакната силната врска меѓу САД и Македонија, како и заедничките интереси за регионална стабилност, за економска соработка и за НАТО.

За време на разговорот биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување на Договор за слободна трговија.

Министерот Муцунски ја истакнал отвореноста на македонската Влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.