Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузот на борци на Македонија се противи за подигнатиот нов споменик за Првиот скопски партизански одред, поставен до постоечкиот

/

пред 793 дена

Сподели преку :

Сојузот на борци на Македонија е револтиран од подигањето втор споменик, веднаш до првиот, посветен на формирањето на Првиот скопски партизански одред. Од таму велат дека  ниту барале од Општина Карпош да биде поставен споменикот, ниту некој го консултирал надлежниот Републички одбор на Сојузот на борци.  Новиот споменик е подигнат со одлука на Советот на Општина Карпош, од каде велат дека постапиле по барање на Општинската организација на Сојузот на борци за Карпош. А, од Општинската организација со одговор дека е нивна , самостојна иницијатива подигањето на споменикот за одбележувањето 83 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред, зашто од Сојузот на борци на Македонија скоро 3 години се оставени сами да се снаоѓаат и да решаваат за тековни прашања.

Пред кој споменик ќе положуваат цвеќе во иднина, прашуваат од Сојузот на борците на Македонија, откако до постоечкиот, кој датира од 1982 година, дело е на академскиот склуптор Максим Димановски и е посветен на формирањето на Првиот скопски партизански одред, Оштина Карпош подигна нов споменик со иста цел. Разликата е во тоа што кај новиот споменик се испишани имињата на преживеаните и загинатите борци од Првиот скопски партизански одред .

Скрнавење на историјата од Народно ослободителната борба . Вака реагираат од Сојузот на борци на Македонија , во врска со новиот споменик за Првиот скопски партизански одред, поставен веднаш до стариот. Од Сојузот на борците велат дека ниту поднеле иницијатива до Општина Карпош, ниту некој ги прашал за подигањето на вториот споменик.

  • Такво барање немаме дадено. А, не сме ни прашани . За исто одбележување, два исти споменици на растојание од 50 сантиметри не може да стојат. Немавме контакти со Општина Карпош и мислиме дека тоа што е направено е скрнавење на историските факти од НОБ, велат од Сојузот на борци на Македонија.

Споменикот е подигнат без да се консултира Претседателството на СБМ и неговиот Републички одбор, кој е надлежен да дава мислење и насоки за подигање спомен обележја, додаваат од Сојузот на борци на Македонија.

Како што може да се прочита на новиот споменик, тој е направен и откриен на иницијатива на Општинската организација на СБМ за Карпош, по повод одбележувањето на 80- годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Тоа ни го потврдија и од општината.

  • Постапивме по барање на Општинската организација на СБМ на Карпош. Како што и претходно, во повеќе наврати постапувавме по нивните барања. И немало реакција од ничија страна, кажаа од Општина Карпош.

А, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци на Карпош, Владо Трајаноски , во телефонски разговор за Телма кажа дека решиле за 83- годишнина од формирањето на одредот да ги овековечат имињата на неговите учесници , од кои 17 се загинати , а тројца се народни херои, зашто во последниве 3 години биле оставени од Сојузот сами да се снаоѓаат  и да решаваат за тековни прашања. Не одржувале седници на Претседателството ,немало отчет преку финансиски извештаи, ниту добивале инстирукции и насоки за активности, вклучително и за новиот споменик, дополни Трајаноски.

Сотир Трајков