Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сомнежи за подметнат пожар на планината Плачковица

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Нов пожар во источна Македонија од рано утринава. Гори висока сува трева и нискостеблести растенија на планината Плачковица, кај селото Јонузлија во Општина Карбинци. Теренот е непристапен за силите од копно, а на овој пожар од утринава од воздух дејствува хеликоптер.

За овој пожар на планината Плачковица веќе има сомнежи дека е подметнат. Забележан е утринава меѓу 5 и 6 часот. Институциите веќе истражуваат со дронови за да го пронајдат пироманот. Во источна и југоисточна Македонија неколку дена сите сили се справуваат и со пожарите на планините Серта и Готен. На планината Готен веќе деветти ден огнените јазици ја пустошат шумата на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. На страната на Берово пожарот е ставен под контрола. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека денеска механизацијата е насочена кон радовишките села Јаргулица и Подареш.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов за пожарот на Готен информира дека и покрај тоа што огромен дел од пожарот е ставен под контрола, т.е. во рамки на обезбедени патишта/пресеки, сепак се работи за голема територија во која има и огромни површини кои не се изгорени во текот на овие девет дена и истите ќе горат, тлеат и догоруваат и во текот на наредните денови, а граѓаните ќе гледаат доста чад, неретко и огнени јазици сè додека не се целосно изгасне.

Викторија Јованова