Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Алиу ќе издава лиценци на стоматолози откако ја „заклучи“ Стоматолошката комора- која одговара „не кажуваше така на нашите средби“

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Стоматолозите наместо во својата комора од сега, своите лиценци ќе ги обновуваат во министерството за здравство откако министерот за здравство Азир Алиу посочи дека потпишал одлука за времено одземање на јавните овластувања на Стомтаолошката комора. Алиу рече дека одлуката ја донел бидејќи со надзор се покажале големи пропусти.

-Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Алиу не одговори дали има стоматолози кои работат со лиценци издадени на несоодветен начин. Стоматолошката комора која брои околу 2 800 членови организира обуки за одржување на лиценците. Конечниот збор ќе го кажат во понеделник, а првично реагираа дека денеска министерот зборувал спротивно од она што им го кажувал на состаноците.

Денеска кажаното е сосема спротивно од се што беше кажувано на нашите средби минатите денови, така да заклучокот може и самите да го донесете особено што се што беше кажано е во тотална спротивност со вистината и за што имаме и документи и писмени докази. За наведеното подетално  ќе бидете информирани на пресот во просториите на Стоматолошка комора на Македонија во понеделник во 12.00 часот, информираа од Стоматолошка комора на Македонија.

Алиу потенцираше и дека има и сомнежи за финансиски злоупотреби.

-Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, рече Алиу.

 

Во моментов, Управата за финансиска полиција превзема мерки и активности и врши криминалистичко истражување со цел утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност. Во таа насока од страна на овластени службени лица активно се работи на анализа на податоците и документацијата претходно обезбедена од Стоматолошка комора на Македонија, со цел утврдување на евентуални неправилности и инкриминирани дејствија во рамките на надлежноста, соопштија од Управата за финансиска полиција.

Министерот смета дека неговата одлука не е казна туку чекор за реформа за подобрување на состојбите во здравството.

Миомир Серафиновиќ