Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и топло со мала облачност – Временска прогноза за 15.6.2024

/

пред 844 дена

Сподели преку :

Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17°C, а максималната од 26 до 34°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

9 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Лазарополе, 13 Берово, Маврови Анови, 14 Куманово, Крушево, 15 Охрид, Скопје-Петровец, 16 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Битола, Тетово, Охрид, 17 Дебар, Прилеп, Виница, 18 Штип, Велес, 19 Кавадарци, Демир Капија, 22 Дојран, 23 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

13 Крива Паланка, 9 Куманово, 7 Пожаране, Скопје – Зајчев Рид, 4 Скопје – Петровец 2 Битола, 1 Демир Капија, Попова Шапка

 Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 20.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 24.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/