Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност и ветровито – Временска прогноза за 8.7.2023

/

пред 1188 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максималната од 24 до 32°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Лазарополе, 12 Попова Шапка, Маврови Анови, Берово, 14 Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Крушево, 16 Претор, Дебар, 17 Тетово, Струмица, Прилеп, Виница, 18 Демир Капија, Скопје-Петровец, Штип, 19 Куманово, Кавадарци, 20 Велес, Скопје-Зајчев Рид, 22 Дојран, 23 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

32 Берово, 2 Лазарополе.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]