Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 30.5.2024

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14°C, а максималната од 22 до 29°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

5 Берово, Лазарополе, 6 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 9 Маврови Анови, Охрид,  Претор, Битола, Крушево, 10 Виница, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово, 12 Демир Капија, Дојран, Велес, 13 Гевгелија, 14 Кавадарци.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Демир Капија, 7 Гевгелија, 4 Тетово, Битола, 3 Крива Паланка, Дојран, 2 Попова Шапка, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Виница.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 24.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/