Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за магла по одделни котлини – Временска прогноза за 11.12.2023

/

пред 1032 дена

Сподели преку :

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб јужен ветер.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со умерена облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2°C, а максималната од 6 до 12°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-5 Битола, -4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Берово, Попова Шапка, Крушево, -3 Струмица, Дебар, -2 Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Претор, -1 Виница, 1 Дојран.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

3 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/