СОНК и МОН утре седнуваат на маса со медијаторот назначен од труд и социјала за да се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат договор а со тоа да се избегне евентуалното реактивирање на генералниот штрајк и дополнително комплицирање на и онака комплицираната учебна година поради прекини на наставата.
На првата средба меѓу СОНК и МОН одржана во петокот работните групи само ги заклучија отворените прашања по кои ќе се преговара а тоа се веќе познатите барања на СОНК за кои и досега се преговараше.
Неделков е оптимист дека до крајот на неделата може да се изнајде решение и нема да има потреба да се активира можноста за втора медијација која би траела уште десет дена.
Според него финансиската независност е единствениот проблем поради што ќе зависи или извиси планот за скалесто зголемување на платите во наредните две години.
Доколку медијацијата пропадне Неделков е дециден. Генералниот штрајк повторно се активира.
Скратената програма за настава е опција за финиширање на учебната година а околу полагањето на матурата од СОНК велат дека одговорноста е кај МОН и Бирото за равој на образованието а тие ќе им помогнат доколку тоа биде побарано од нив.
Огнен Чанчаревиќ











