Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК констатирал дека заклучоците на владата не водат кон решавање на несогласувањата

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Советот на СОНК констатирал дека заклучоците на владата за барањата на Синдикатот не водат кон решавање на несогласувањето меѓу СОНК и Министерствата за образование и за труд и социјална политика.

Од синдикатот укажуваат дека одредени министри се обидуваат да ги заплашат штрајкувачите , дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајк, што го сметаме за обид за спречување на штрајкот, порача претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Понудените 10% зголемување на платите во детските градинки, основното и средно образование по ребаланс на буџетот се бетонираат со заклучокот на владата и не се остава простор за преговори, знаејќи дека речиси 100 проценти од членовите на СОНК го отфрлија овој предлог “ – велат од синдикатот.