Како да се рефундираат платите на вработените во градинките, кои сега ќе ги добијат намалени заради штрајкот била главната тема на вчерашните разговори меѓу СОНК и Министерството за труд.
Според колективниот договор во деновите на штрајк им се плаќаат само придонесите, а остатокот треба да го надомести СОНК. Се разговарало и за зголемување на платите во градинките и договорено е преговрите да проидолжат во вторник.
Претседателот н СОНК Неделков смета дека има позитивни поместувања во досегашните преговори.











