Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сотир Лукровски е на боледување, своите права и обврски како градоначалник ги делегираше на советник во општина Карпош

/

пред 151 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик. Со решението кое е објавено во Службен весник на општина Карпош, Неделчо Крстевски кој ќе го менува градоначалникот додека е отсутен е назначен и за  овластен потписник на сите сметки и финансиски документи  на општината. Тој според решението ги има истите права и обврски како и градоначалникот.

Овие случувања покренаа лавина  шпекулации дека  градоначалникот Луровски сака да  се повлече од функцијата посебно што тој подолг период не е присутен во јавноста.

Со реакција се огласија од  Општина Карпош. Од таму соопштија дека тој користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини – замолуваат за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство.

„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“,  тврдат од локалната самоуправа.

Ситуацијата ја коментираше и поранешниот градоналачник, Стевчо Јакимовски, кој на Фејсбук напиша дека „овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Не може карпошани да гласаат за еден човек, а потоа партијата да им поставува друг да управува со општината“.