Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Совет на Народна банка: Има ризик за инфлација во следниот период

/

пред 190 дена

Сподели преку :

Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата,  но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток, заклучи Советот на Народната банка на својата редовна седница на која ги разгледа најновите економски показатели.

Од почетокот на 2026 година, годишната стапка на инфлација следи надолна патека и во февруари се сведе на 2,9 отсто, во согласност со очекувањата, при посилно забавување на цените кај базичната компонента. Сепак, поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период, соопштуваат од Советот на Народната банка. 

 

Според податоците девизните резерви бележат раст од почетокот годината, а во однос на монетарниот сегмент, растот на депозитите и кредитите, заклучно со февруари, е солиден и е умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

Советот оцени дека макроекономската состојба засега е стабилна и во согласност со последните проекции, но сосотојбата ќе продолжи и натаму да се следи.