Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нула денари за нови еко-автобуси, милиони за дотраените на приватните превозници – Град Скопје го усвои буџетот за 2025 година

/

пред 667 дена

Сподели преку :

Седницата почна утрово со точката предлог буџет за 2025-та. Советниците веднаш и одговорија на градоначалничката Данела Арсовска со 40 амандмани на буџетот. По консултации и договори, со 28 гласа за се изгласа предлог буџетот на Град Скопје за следната година. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ здружени ја поддржа точката, против останаа само советниците од Зелен хуман град.

„Видовме дека денес се изгласа точката за буџетот за Град Скопје. Сакам да нагласам дека овој буџет, иако има многу мани поради сериозноста на точката ние го поддржавме“, вели Мартин Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имавме една отворена и искрена дискусија на која и претходеше една политичка координација на која поразговаравме на овие теми и усвоивме некои амандмани кои беа поднесени од советничките групи. Се надевам дека оваа тенденција за имање свест за потребите на граѓаните и на Град Скопје ќе продолжи и во текот на седницата каде има уште точки за гласање“, вели Гордан Шутаров, советник од СДСМ.

Градоначалничката на Град Скопје, задоволна од поддршката која ја доби од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Очекува истото да го сторат и за програмите и плановите за работа.

„Јас искрено после повеќе од 20 седници и ставање на овие точки на дневен ред и нивно неизгласување можам само да се надевам. Неопходно е од страна на нашите членови на советот на Град Скопје да донесат одлуки како би можела градската администрација и јас како градоначалник да постапуваме. Во спротивно ние овде не можеме да разговараме ниту за подобар јавен превоз“, изјави Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје.

Пари во изгласаниот буџет има и за набавка на долгонајавуваните еко-автобуси од програмата на Арсовска. Меѓу другите големи трошоци средства се планирани и за приватните превозници за зголемување на цената за изминат километар, услов кој го дадоа во спротивно најавија повлекување од улиците и блокада на сообраќајот.

Пред завршување на седницата со 28 гласа ЗА се усвои и точката за зголемување на цената по изминат километар на приватните првозници. Додека точката за набавка на еколошки автобуси не помина.

Тамара Марковска