Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски за „360 степени“: Лични документи ќе може да се вадат и без закажување

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека ќе го зголеми бројот на нови работни позиции во секторот за издавање на лични документи во Скопје. Се отвораат десетина нови позиции на кои граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин.

Целта е да се овозможи да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Северна Македонија во предвидениот рок, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за 360 степени.

Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин. Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.